Достапни линкови

Од министерството за одбрана категорични - „Ренџерите“ ќе останат


Министерството за одбрана ги демантира шпекулациите за растурањето на единицата Ренџери која е во составот на полкот за специјални операции.

„Во делот на растурањето на Ренџерите, тоа е чиста шпекулација, тие се дел на полкот на специјални единици и како такви ќе останат,“

Вели портпаролот Захарија Вулгаракис.

Но еден припадник на македонската армија вели дека веќе неколку дена во армијата се зборува дека ова елитна единица веке нема да постои,односно како што објаснува тој Ренџерите ке бидат распределени во другите единици.

„Ренџерите беа формирани со цел за побрзо влегување во НАТО и мислам дека не е фер сега да не растурат, затоа што голем придонес има и Ренџерскиот дел.“

Тој исто така додава дека Ренџерите се најподготвената единица во државава и дека после први декември годинава една група заминува во мисијата Слобода за Ирак

„Првата ренџерска чета, и најспремна во овој момент од сите едници, бидејќи има обука во сите услови околу една година.“

Во Армијата на Република Македонија велат дека Ренџерскиот батаљон има намена за изведување на директни и специјални операции со посебна задача за длабинско извидување и обезбедување на борбените дејства на маневарските единици на македонската армија

„Како формација на батаљон делува заедно со батаљонот за специјални информации, односно популарните „Волци“. Како единица е обучена за изведување на специјални операции со други коалициски држави и за операции за поддршка на мирот и превенција на конфликти во операции предводени од НАТО, ОН и ЕУ,“

објаснува Мирче Ѓорѓевски,портпарол на АРМ.
XS
SM
MD
LG