Достапни линкови

За власта предупредувањата се добронамерни, опозицијата смета дека пораките од Брисел не се сфаќаат


Укажувањата на еврокомесарот Оли Рен дека ако во земјава не се намалат политичките тензии меѓу македонците и албанците, тоа е можно да се прошири и во соседните земји треба да се сфати како сериозно предупредување од меѓународната заедница, речиси се еднногласни политичарите во земјава. Оние од опозицијата со остри критики кон владеачката структура:

„Тоа што мене посебно ме загрижува е тоа што беше прокоментирано е дека, неможат да најдат вистински парнтер со капацитет во владата на Македонија. Пораките од Брисел што доаѓаат, никако да ги сватиме.“

вели Јани Макрадули од СДСМ кој укажува и зошто внатрешната ситуација може да влијае и на соседните земји:

„Ако министерката за внатрешни работи смета дека има групи кои се шверцери на парфем, накит и алкохол на магариња, а заменик министерот за внатрешни работи смета дека тоа се терористи против уставниот поредок на државата, тоа самото посебе предизвикува криза и тензии бидејќи најодговорните во безбедносните структури имаат различни мислења и групите тоа ќе го искористат.“

Претставниците на владеачките партии сметаат дека тоа се добронамерни предупредувања:

„Нашата влада сериозно да ги анализира и да утврди дали тоа што го говори г-динот Оли Рен навистина може да придонесе Република Македонија после она што и се случи во 2001-та година да биде генератор или промотор на одредени кризи.“

Изјави Иван Анасатасовки од НСДП која е дел од владеачката коалиција.Аналитичарите пак сметаат дека ваквиот став на Рен може да е резултат на грчките влијанија во контекст на спорот за уставното име:

„Можеби таа изјава е врзана за овие неколку настани кои што беа употребени во грчката кампања во ЕУ и САД околу името на аеродромот и слично.“

Вели Димитар Мирчев претседател на Европското движење во Македонија кој укажува дека во овој контекст политичарите треба да не практикуваат изјави како онаа на лидерот на ДПА Мендух Тачи за амбасадорот Фуере во која му сугерира да си ја гледа својата работа, а не да го оценува неговиот говор. Од владеачките партии велат дека изјавата на Тачи не е одраз на политиката на владата:

„Сигурно тоа не е одраз на целата коалиција, тоа се можеби негови видувања и знаете како, секој одговара за своите постапки и своето однесување.“

Вели Анастасовски. Од мисијата на Унијата во земјава по изјавата на Тачи порачуваат енергијата да не се троши во вакви работи, туку на целосно исполнување на укажаните приоритети во извештајот.
XS
SM
MD
LG