Достапни линкови

Албанските партии се обвинуваат дека рејтингот на македонскиот партнер е причина за недонесување


Во таканaречениот Мајски договор една од точките за кои се согласија ВМРО ДПМНЕ и ДУИ е во иднина да се договарат за носење на закон за јазиците. Потребата од тој закон иако е регулиран во Рамковниот Договор и шест години по него сеуште преставува причина за политички тензии и препукувања. Според професорот по уставно право Светозар Шкариќ грешката е направена во Рамковниот, во кој законот е наведен со мала буква, што како што објаснува Шкариќ правно не упатува на обврска за негово носење:

„Значи може прашањето да се разводнува. Основата е Рамковниот договор што отвара таква можност за разводнување на прашањето и сега тука секој си бара простор, односно таа можност ја користи и за свои цели.“

Според професорот Осман Кадруи пак Рамковниот договор обврзува законот да биде донесен уште во 2004 година:

„Неможеме сеуште да зборуваме за нешто спорно или не, бидејќи сеуште како материјал го немаме. Можеби како спорно основно прашање се појавува, на кое ниво треба да се употребува албанскиот јазик, како втор службен јазик во Македонија. Дали на ниво на сите државни органи, или само на нивно на локална власт и во конкретни општини каде албанскиот народ има над 50% мнозинство или во значителен дел.“

И додека екпсертите сметаат дека само со политичка воља може да се донесе законот без тензии, албанските партии од опозицијата и власта кои инстистираат на неговото носење се обвинуваат меѓусебно. Според Азис Положани од Демократската унија за интеграција актуелната владеачка гарнитура не сака да се донесе законот поради стравот од губење на рејтингот на ВМРО ДПМНЕ:

„Мотивот за таква наелектризирана состојба јас ја гледам само во потребата, некоја политичка партија или некој политичар ,,билда“ свој рејтинг на патриотски основи.“

Абдулади Вејсели од владеачката ПДП пак, за исто однесување го обвинува ДУИ:

„ДУИ несакаше да го симне рејтингот на СДСМ и затоа не сакаше во тоа време да го донесе тој закон.“

Во меѓувреме законот за јазиците стана еден од уловите за нашето евроатланско интегрирање. Во интевјуто на Радио Слободна Европа кое ќе се емитува во недела евроамбасадорт Ерван Фуере вели дека за законот за јазиците очекува ДУИ и ВМРО ДПМНЕ да постигнат заедничка согласнот во колективен дух и комромис и желба за постигнување на напредок.
XS
SM
MD
LG