Достапни линкови

Прага: Делегација од МНР на НАТО консултации со колегите од Чешка


Делегација предводена од државниот секретар во Министерството за надворешни работи Игор Илиевски денеска во Прага ќе има билатерални НАТО-консултации со претставници на соодветното министерство на Чешката Република. Консултациите се одвиваат во рамките на засилените дипломатски активности на Министерството за надворешни работи за лобирање за прием на Република Македонија во НАТО на претстојниот Самит на НАТО во Букурешт во април идната година.
XS
SM
MD
LG