Достапни линкови

Дубровник: Регионален економски форум за Југоисточна Европа


Денеска во Дубровник почнува четвртиот Регионален економски форум за Југоисточна Европа, на кој ќе учествуваат претседатели на држави од регионот, како и претставници на водечките компании, банки и деловни асоцијации. Ќе бидат одржани четири тркалезни маси, посветени на регионално значајни теми. На претседателската сесија од форумот, на која меѓу другите ќе учествува и македонскиот претседател Бранко Црвенковски, ќе стане збор и за Договорот за слободна трговија во Централна Европа- ЦЕФТА. Претходно Црвенковски во Белград ќе се сретне со својот српски колега Борис Тадиќ.
XS
SM
MD
LG