Достапни линкови

logo-print

Власта и опозицијата и натаму продолжуваат со меѓусебни обвинувања


И по последните укажувања од американската амбасадорка Џилиен Милованович и вчерашниот повик на евро амбасадоротот Ерван Фуере дека мора да се премине од зборови на дела, претставниците на политичките партии и понатаму речиси на исти ставови. Оние од опозицијата вината ја гледаат кај премиерот Никола Груевски. Велат дека мора да се спроведуваат обврските, бидејки јасно се укажува на тоа од меѓународните претставници дека тоа мора да се направи до февруари, а не април кога и ке се одржи НАТО самитот. Од ДУИ сметаат дека премиерот мора да мисли повеке на државните интереси, тоа според нив е единствениот излез и начин да се смени сликата за Македонија:

„Г-динот Груевски треба да свати дека државните интереси треба да бидат над личните интереси. Велам над личните бидејќи тој ги има ставено личните интереси над државните. Така што секако дека сликата за државата може да се промени, треба да се почитува тоа што е став, тоа што е договорено.“

Изјави Рафиз Алити, потпретседател на ДУИ.
Лидеркаата на опозициската СДСМ Радмила Шеќеринска вели ние дадовме предлог, а владата не реагира, ниту посочува од каде треба да се почне, треба заеднички да работиме, но не гледам што повеке може да направи опозицијата:

„Ние покажавме дека сме подготвени за компромис и тој го понудивме. И владата молчи. Јас имам впечаток дека власта всушност создава атмосфера во која собранието е блокирано и во кое политичките процеси не се одвиваат така како што треба, за да има алиби за сопствената неспособност.“

Рече Шеќеринска.
Александар Спасеновски од владеачката ВМРО ДПМНЕ и член на собраниската комисија за надворешна политика вели доказ дека ке се премине од ветувања кон нивна реализација е формирањето на Советот за евроинтеграции:

„Верувам дека можеме да се најдеме околу таа агенда и се наоѓаме, околу формирањето на Националниот совет за евроинтеграции. И во таа смисла онаа позитивна агенда која што се манифестираше последните денови по формирањето на Националниот совет, треба да продолжи во функција на забрзано остварување на приоритетите. Сметам дека имајќи ја во предвид свесноста и државотворноста на сите партии, ќе биде пронајдена таа нишка која спојува.“
XS
SM
MD
LG