Достапни линкови

Атина: Метју Нимиц на 4 декември во посета на Скопје и Атина


Специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите Нации во разговорите за спорот околу името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, на 4 декември ќе ги посети Атина и Скопје, ја пренесува МИА веста на грчкото радио. На 1 ноември, на иницијатива на Нимиц, започна нов круг преговори меѓу Скопје и Атина за решаање на спорот, на кој специјалниот посредник на ОН предложи рамка за текот на разговорите.
XS
SM
MD
LG