Достапни линкови

logo-print

Сараево: Денеска се одбележуваат 12 години од Дејтонскиот договор


Во Босна и Херцеговина денеска се одбележува 12-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор со кој заврши Босанската војна во која загинаа околу 100 илјади лица и со кој земјата е поделена на два ентитена - Република Српска и Федерацијата БиХ. За многумина аналитичари и учесници во преговорите најважно и неспорно достигнување на Дејтонскиот договор е тоа што со него се стави крај на војната, но овој акт во ентитетски поделената Босна и денеска е изложен на критика, со постојани барања за негово доградување и менување на неговите одредби.
XS
SM
MD
LG