Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џорџ Буш ќе биде домаќин на конференцијата за Блискиот Исток


Соединетите држави и официјално соопштија дека американскиот претседател Џорџ Буш ќе биде домаќин на Меѓународната конференција за Блискиот Исток која ќе биде одржана следната недела во Анаполис – Мериленд. На конференцијата се гледа како на можност за први формални мировни преговори меѓу израелците и палестинците по 7 години чија цел е креирање независна палестинска држава. Портпаролот на Стејт департментот Шон МекКормак изјави дека на Конференцијата ќе учествуваат и израелскиот премиер Ехуд Олмерт и палестинскиот претседател Махмуд Абаз.
XS
SM
MD
LG