Достапни линкови

Послаба позиција во приблужувањето до евро атлантските структури, ветеното треба да се реализира


Оваа година за македонија е неуспешна, бидејки немаше датум за преговори за членство во Европската унија, а кандидатурата за членство во НАТО е послаба од претходно, ова накрактко се видувањата на учесниците на трибината на тема Македонија-ЕУ и НАТО, како понатаму што се одржа во рамки на циклусот Дијалози за Македонија организиран од претседателот Бранко Црвенковски

„Факт е дека во извештајот на ЕК има и позитивни и негативни страни. Но, исто така е факт дека во извештајот препорака за почеток на преговорите нема. А, тоа беше од наша страна зацртаната јавно објавена цел пред една година. И од тој аспект гледано, не можеме 2007 година да ја прогласиме за успешна. Факт е дека нашата кандидатура за членство во НАТО, во овој момент, пет месеци пред одржувањето на самитот, кој по оценки на релевантни меѓународни фактори, притоа морам да напоменам и добронамерно расположени кон Македонија, во овој момент кандидатурата за членство во НАТО е послаба од онаа пред една година.“

Лидерката на опозициската СДСМ Радмила Шекеринска смета дека проблемот што македонија е во оваа позиција е и во постоењето разлика мегу ветувањата и спроведување на истите

„Помеѓу зборовите и делата се наоѓаат нашата не кажана вистина. Во Македонија постојат многу влијателни центри коишто реално имаат проблем со нашето европско и НАТО интегрирање, ама во општата атмосфера на консензуалност не сакаат тоа да го кажат.“

Некои од учесниците истакнаа дека не се сомневаат во тоа дали Македонија ке добие покана за членство во НАТО, но оти тоа нема да биде резултат на подготвеноста на земјава:

„Јас сум убеден дека ќе добиеме покана дури и со ваков премиер, дури и со ваква влада. Затоа што се работи за стратешка проекција,“

рече лидерот на ЛДП Јован Манасиевски и поранешен министер за одбрана.

Евроамбасадарот Ерван Фуере и во оваа прилика ги повика надлежните конечно да почнат да го спроведуваат тоа што ветиле

„Сите мора да седнат и да работат на тоа како да ги спроведат препораките од извештајот на ЕУ, мислам дека треба да ги остават настрана меѓусебните обвинувања, времето поминува.“

рече Фуере.
XS
SM
MD
LG