Достапни линкови

Скопје: Денеска Конференција на ЦЕФТА 2006


Денеска во Скопје ке се одржи Конференција на ЦЕФТА 2006 со што ќе се заокружи процесот на претседавање на Македонија со ЦЕФТА. Конференцијата ќе ја отвори премиерот Никола Груевски, по што обраќање ќе имаат заменикот на специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа Мухаил Мозур, евроамбасадорот Ерван Фуере и сите шефови на делегации. Македонија како претседавач во мај го организираше состанокот на замениците-министри и државни секретари за трговија или економија, по што следуваше состанок на Поткомитетот за земјоделство и во септември состанокот на Мешовитиот комитет. Идниот претседавач со ЦЕФТА ќе биде Молдавија.
XS
SM
MD
LG