Достапни линкови

Македонија пред бран поскапувања како последица од сушата летово


Поради недостигот на пченица, дел од компаниите што произведуваат леб продаваат производи поскапи за неколку денари. Додека во Скопје, најголемиот производител го поскапе само специјалниот леб. Слично е со млекото и млечните производи. Цените на производите имаат различна висина во малопродажбата. Поради ова, луѓето изразуваат сомнеж во економската оправданост на зголемувањето на цените, наведувајќи дека тие се диктирани од бизнисот, кој според нив значително удира врз стандардот. Особено, оние 60 насто вработени кои примаат плата од 12 илјади денари.

„Да речеме некаде зејтинот е 80 и кусур денари, некаде е 76. Одам пешки една станица, за да земам зејтин, па од друго место земам млеко, од трето кисело млеко. Каде е поефтино. И кога ќе видиш ќе се соберат 20 – 30 денари од сето тоа, епа сега 20 – 30 денари не се малку.“

„Се работи за бизнис.“


„Вреќа брашно беше 500 денари, сега е 700 денари. Тоа му доаѓа некаде 40 насто, само брашното, што понатаму?“

Претходно се тврдеше дека има доволна количина пченица во земјата до Нова Година, но одделни пекари ја зголемија цената. Поскапеа и останатите прехранбени производи, месото, млекото, јајцата, зејтинот. Прашање на време е кога и останатите производители кои стравуваат да не ги изгубат потрошувачите ќе го следат овој чекор, вели Румен Смилевски од групацијата на мелничари, додека Перо Стојковски од Здружените на земјоделци наведува дека поскапувањето на е потребно, затоа што мелничарите користат пченица набавена по стара цена:

„Сеуште млинарите не треба да го поскапат лебот затоа што тие сеуште трошат пченица по 8,5 денари. Кажаа тие дека имаат пченица откупено до Нова Година, по 8,5 денари таа што ни ја откупија. Некои имаат резерви на брашно и тоа е тоа. И сега додека има ќе продава по таа цена.“
XS
SM
MD
LG