Достапни линкови

Исламабад: 3 илјади уапсени по воведувањето на вонредната состојба во Пакистан се ослободени


Повеќе од три илјади уапсени по воведувањето на вонредната состојба се пуштени на слобода, соопшти денеска пакистанското министерство за внтарешни работи. Притоа, не е се прецира колкумина се уште се наоѓаат во затвор. Според некои проценки, станува збор за неколку стотици лица. Претходно, Централната изборна комисија во Пакистан потврди дека на осми јануари ќе бидат одржани парламентарни избори во земјата. Тоа вчера го побара претседателот Первез Мушараф кој пак ги отфрли американските барања да ја укине вонредната состојба и да почне дијалог со умерените политички сили во Пакистан.
XS
SM
MD
LG