Достапни линкови

logo-print

Јавното обвинителство ќе го чека ревизорскиот извештај, па ќе утврдува дали ќе реагира


Јавното обвинителство ќе го чека ревизорскиот извештај, па дури потоа ќе утврдува дали ќе покрене постапка во случајот на недоставување на информација од страна на владата за потрошените буџетски средства за многубројните владини кампањи. Ревизорскиот извештај е објавен вчера, ќе чекаме да го видиме, па ќе одлучиме, ни одговорија во Јавното Обвинителство. Прашањето колку пари потроши владата за рекламните кампањи на кое таа не дава одговор не е ново, во јавноста е присутно речиси една година, и на нетраснарентноста укажуваа и невладини организации и медиумите и постојат повеќе процедури кои што се прекршени, вели Слаѓана Тасева поранешен претседател на Антикорупциската комисија.

„Владата и генералниот секретаријат на владата треба да преземат мерки за да ги испочитуваат препораките од ревизорскиот извештај. Друга инстанца која што тука се јавува, тоа е Бирото за јавни набавки, затоа што за секоја јавна набавка треба да има претходен план.“

изјавува Тасева. Согласно ова владата велат експертите ги нема испочитувано законите за јавни набавки и слободен преистап до информации. Како да се заштитме од влада која ги крши законите? Драган Малиновски експерт од оваа област вели дека сето ова зборува дека кога станува збор за власт немаме толку силни институции кои можат да се спротивстават на нетранспарентното работење:

„Можеби постојат премалку инструменти да се натера владата или било која државна институција да ја почитува таквата транспарентност, се останува повеќе на политичкиот однос, едноставно капацитетот да се биде транспарентен кон јавноста.“

Наспрема слабостите на институциите, одговорноста на владата е најголемиот механизам, се согласува и Тасева:

„Ние постојано зборуваме за транспарентност и дека треба да бидат одговорни и отчетни. Неможе за владата да не важат законите, тоа не е само одлика на оваа влада и сите претходни влади така се однесуваа.“

Според експертите неотчетноста на владата за потрошените средства е случај и за Антикорупциската комисија. Иако оттаму не добивме одговор дали планираат отварање на случајот, тимови на Антикорупциската комисија според информациите во јавноста имаат побарано, но не добиле одговор за тоа колку пари се потрошени. Во Владата и денеска нема коментар за ревизорскиот извештај ниту одговор на прашањето колку пари се потрошени за рекламните кампањи. Според стручната јавноста во делот на очекување на санкции, доколку се дојде до разрешница на случајот, тоа е владиниот генерален секретаријат кој што треба да води сметка во овој дел.
XS
SM
MD
LG