Достапни линкови

Ризикуваме да влеземе како месечари во уште една војна на Балканот


Ризикуваме да влеземе како месечари во уште една војна на Балканот. Под овој наслов британски „Обзервер“ упатува крики до власта и до опозицијата во Британија во врска со, како што се наведува, темните облаци што се надвиваат врз Косово и Босна.

,,Балканот е блиско место за кое е подобро да не знаеме ништо,, со оваа парафраза на Невил Чембрлен, британски премиер од пред Втората светска војна, авторот на текстот во Обзервер забележува дека за неколку недели би можело светот да се соочи со очајно опасна криза во едно од најжешките места во Европа. Сирените за тревога веќе пискаат, но повеќето во Вестминстер се уште спијат, игноријаќи ги облаците на бура кои се надвиснаа над Балканот, арената на единствената војна на европска територија по Втората светска војна. Од тогашните балкански конфликти, како што се наведува во текстот, профитираа многу британски политичари, меѓу нив и поранешниот премиер Тони Блер. Но за разлика од историјата, но можеби и поради неа, сегашниот премиер Гордон Браун нема ништо да каже за последниот алармантен развој на настаните на Блаканот. Можеби и затоа што таму неговиот претходник Блер го направи своето име. Војните полесно се добиваат отколку мирот. Интервенциите можат да бидат ефектни за да спречат например егзодуси и да отстранат диктатори. Но кога војната ќе заврши, политиката е таа која треба да ја испорача трајната сметка. Осум години откако НАТО ги истера српските сили од Косово, неговата иднина е се уште неизвесна. Европа тоа треба да го сфати, не само поради заканите од обнова на конфликтот, туку и поради тоа што повеќето од патиштата на трговијата со луѓе и со дрога минуваат низ Балканот. Друга причина за страхување е исламскиот тероризам, со оглед на тоа што Балканот е еден од тренинг центрите за џихадистите. Долгорочниот план на Европската Унија е да ги прими во членство сите поранешни југословенски држави со тоа што ги обрзува на демократија, на владеење на правото и на натамошен просперитет. Неуспехот на мирното решение на иднината на Косово би можело да биде катастрофално, се наведува во написот во британски Обзервер, во кој се додава и тоа дека различните ставови во врска со идниот косовски статус ги заплете Вашингтон и Москва во мрежа на нова Студена Војна. Америка поддржува независно Косово, Русија, пак како традиционален сојузник на Србија, е против. А времето изминува. Косоварите зборуваат за еднострана декларација на независност од Србија. Тоа би можело да предизвика верижна реакција низ Западен Балкан полн со национализам и каде што илјадници луѓе во своите плакари држат калашњикови. Минатата војна натера милиони луѓе да избегаат од Балканот. Доколку британските политичари мислат дека сега имаат проблем со имиграцијата, тој ќе биде уште поголем ако Западен Балкан се запали. Само еден ден е патувањето со ваоз од Приштина до Лондон, заклучува британски Обзервер.
XS
SM
MD
LG