Достапни линкови

Поцврст и единствен став на ЕУ кон Русија?


Германските воздушни сили соопштија дека руските контролори на воздушниот сообраќај му забраниле на германски воен авион, да лета над руската територија. Според нив, на пилотите не им биле дадено какво било објаснување за ваквата одлука. Германските власти го истражуваат инцидентот, кој се случува во период на голема расправа меѓу Германија и Русија околу правата за летање на германските карго авиони.

Русија и Европската Унија требаше да одржат самит на авијацијата во Москва на кој би разговарале за многу спорни прашања, вклучувајќи
го прашањето за таксите платени од страна на европските авиокомпании за да летаат над Русија, на нивниот пат кон азиските дестинации. Но, во пресрет на самитот, Русија ги забрани летовите на карго авионите на германската авиокомпанија Луфтханза во рускиот воздушен простор. Исто така и самитот е одложен. Истовремено, руските воздушни власти предложија наместо да го користат градот Астана како транзитно средиште, германските карго авиони да ја пренасочат рутата кон Сибирскиот град Краснојарск.
Аналитичарите сметаат дека сето ова не е случајно. Воздушниот спор меѓу Германија и Русија го гледаат како дел од серијата економски битки меѓу Кремљ и Европскаа Унија.

„Мислам дека е многу интересно искуство за самата Германија за првпат да се почувствува како жртва во судирите со Русија, бидејќи порано тоа беа само Украина, Белорусија или Полска, како нови земји-членки на Европската Унија. Сега целна група се клучни членки на Унијата, како на пр. Германија, која отсекогаш тврдеше дека има добри односи со Русија. И мислам дека ова ја покажува промената на руската надворешна политика кон Европската Унија.“

вели аналитичарот Јорг Химерлих

Европските авиокомпании годишно и плаќаат на Русија 300 милиони евра за правата за користење на нејзиниот водушен простор.
Некои аналитичари сметаат дека последната забрана за летање на воениот германски авион над руска територија, е тактика на Кремљ
за добивање на подобри бизнис услови од Европската Унија и оти
фактот дека Германија е цел на Русија, е одраз на заладените односи меѓу рускиот претедател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел. Но, Химерлих вели дека последниот чекор на Русија ќе помогне во зацврстувањето на позициите на Русија кон Европската Унија.

„Ова ќе придонесе за формирање на поцврст став на Европската Унија кон Русија. Досега, сите ние во Унијата имавме различни видувања во поглед на Русија. Но, сега мислам дека овие чекори на Русија ќе придонесат за создавање на единствен став кон Русија, што пак се надевам би придонело за формирање на единствена политика на Русија во однос на Европската Унија.“

Засега Русија се согласи да ги обнови правата за летање на германските карго авиони над Русија, до 15 февруари, додека двете страни преговараат. Останува уште многу напорно пазарење. Се уште е нејасно како ова ќе се одрази на врските меѓу централно-азиските земји, како Казахстан и Узбекистан и нивната поврзаност со Германија, во период кога Берлин се обидува да ги зајакне односите со Централна Азија.
XS
SM
MD
LG