Достапни линкови

Целта на кампањата е нејасна, оценуваат аналитичарите


Околу триесет актери, пејачи и други јавни личности се вклучија во кампањата "Солидарност и одговорност-Косово е Србија", чија цел е анимирање на граѓаните во борбата за зачувување на Косово во состав на Србија. И додека кампањата вклучува спотови, плакати и билборди кои се поставени на дваесетина локации ширум Србија, маркетинг аналитичарите оценуваат дека всушност не е јасна нејзината цел.

Покрај тоа што Косово е главна политичка тема во Србија, поради која сите други проблеми се ставени во втор план, тоа стана и тема со која се занимаваат и актерите, музичарите и пејачите. Во борбата за зачувување на Косово во состав на Србија се вклучија меѓу другите, Бата Живоиновиќ, Светлана Бојковиќ, Драган Бјелогрлиќ, Сергеј Трифуновиќ, потоа музичарите Бора Џорџевиќ, Мики Јевремовиќ, Мерима Његомир, режисерот Емир Костурица и други. Сите тие преку билбордите во Белград и другите градови во Србија порачуваат Сите заедно, Косово е Србија.

„Оваа кампања е кампања на сите нас, затоа што ни помага повторно да се изградиме како народ и да го сочуваме своето достоинство.“

изјави потпретседателот на здружението на граѓани Активен центар, Петар Петковиќ.

Еве кои се личните мотиви на актерот Драган Бјелоглиќ, да се приклучи кон оваа кампања

„Ми се случи првпат некој да ме праша дали сакам да ја свртам главата или да ги затворам очите. Мислам дека доста долго, особено во последните 20 години живееме со тоа, а како да ја вртиме главата и да ги затвораме очите, бидејчи постојано мислиме дека некој друг ќе ни го реши тој проблем.“

Надежда Миленковиќ, маркетинг аналитичар смета дека целта на кампањата не е јасна и дека се работи за уште една манипулација со јавното мислење во Србија.

„Оваа конкретна кампања според мене го има проблемот да не знаеме што е последната акција, што се очекува од мобилизацијата на јавното мислење? Да одиме сите на административната граница со Косово? Можеби е целта сите да се мобилизираме, да бидеме лути и за тоа време да завршат приватизациите, да се зголемат платите, каматите...ми се чини дека ова е уште една манипулација која ќе заврши неказнето како и многупати досега. “

Не се ретки и оние од светот на културата и уметноста кои се резервирани кон овој вид ангажнам.

„Лично, мислам дека тоа потсетувана почетокот на 90-те годиникога многу интелектуалци и уметници застанаа на страна на една политика, една идеологија која на крајот се покажа како сосема погрешна. Мислам дека во самиот политички врв се гледа еден национализам, кој всушност само ги продлаочува несогласувањата што веќе постојат.“

вели книжевникот Филип Давид.
XS
SM
MD
LG