Достапни линкови

logo-print

Венецуела: Според Чавез, цената на нафтата може да достигне 200 долари за барел


Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез изјави дека цената на нафтата би можела да достигне до 200 долари за барел, доколку Соединетите Држави го нападнат Иран поради неговата нуклеарна програма. Според Чавез моменталната цена од 100 долари за барел е реална. На дводневниот самит на лидерите ОПЕК во Саудиска Арабија, министрите за надворешни работи и финансии не го прифатија предлогот на Иран и Венецуела во завршниот документ да биде вклучена загриженоста за слабиот долар на пазарот.
XS
SM
MD
LG