Достапни линкови

Исламабад: Негропонте го повика Мушараф да ја укине вонредната состојба


Американскиот пратеник Џон Негропонте кој е во официјална посета на Пакистан, го повика претседателот Первез Мушараф да ја укине вонредната состојба во земјата. Негропонте изјави дека вонредната состојба не е компатибилна со заложбата за слободни и фер избори кои Мушараф ги закажа на 9 јануари. Како што јавуваат агенциите, Негропонте побарал од Мушараф да ги продолжи разговорите со поранешната премиерка Беназир Буто.
XS
SM
MD
LG