Достапни линкови

Судирот меѓу централната и локалната власт е главна причина


Судирот меѓу централната и локалната власт веќе подолго време им создава проблеми на училиштата, а овој пат предизвика и пролонгирање на платите на вработените, но вината меѓусебно се префрла. Сите општини истовремено не ги подготвуваат потребните документи, некои имаат неизградени ресурси, некои проблеми во комуникацијата со училиштатата но откако ќе се подготват, потоа многу време се губи внатре во процедурите во Министерството за обрзование и за финансии заради вчитување на податоците во трезорот и трансферот на средствата. Како последица на комлицираната процедура низ која треба да помине таа сметководствена администрација вработените во образоавнието скоро два месеца не земаат плата на време, вели Дојчин Цветановски претседател на СОНК:

„Ние сега како синдикат не сме ни надлежни, ниту сакаме да се вплеткуваме во тоа да бидеме судии кој е надлежен. Последиците се јасни дека вработените скоро два месеци немаат примено плата. Многу ми личи на онаа народната, детето двајца татковци, ама без капа.“

Поголем дел од општините се подготвени платите да ги исплатат и пред време на 10-ти, но министерството не сака селективно да ги трансферира парите, вели Аце Коцевски градоначалник на Велес. Според него слабости има и кај дел од единиците на локалната самоуправа кои немаат капацитет брзо да реагираат, но дека одговорноста е кај централната власт:

„Сега ние сме жртва на некои општини кои се помалку одговорни, не ги доставуваат на време податоци до Министерството за образование. Сега Министерството ги обвинува општините, како да се општините власт, а министерството опозиција. Треба реално да се гледа и да им се пријде на проблемите.“

Едно од најчувствителните прашања во релациите мегу локалната и центрлната власт е големата исполитизираност, Цветановски според кого доцнењето на платите се само еден пример. Претходно незадоволство предизвика тоа што претходната надлежност за назначување директори се пренесе на градоначалниците:

„Тоа создава други после последици, од вработувања, затварања во рамките на општините. Општините безмалку наликуваат како секоја свој атар. Судирот меѓу локалната самоуправа и централната власт неможе да биде прифатен и е дефинитивно непотребен.“

Додека се решаваат овие проблеми настрана останува најактулното прашање, висината на платите на вработените. Платите во образованието треба да бидат на средината на платите во јавната администрација но, кај нас се некаде на последните места:

„Се зголемува тежината на нашата работа во поглед на сите случувања во општеството, затоа што доста чини образованието. Со сето тоа ние треба да се бориме за личен доход од 250 до 300 евра.“

вели професор Горица Илиевска од здружението на директори на средни училишта.
XS
SM
MD
LG