Достапни линкови

Исламабад: Мушараф го назначи Мухамедмиан Сомро за премиер до одржувањето на изборите


Пакистанскиот претседател Первез Мушараф денеска го задолжи Мухамедмиан Сомро да ја извршува премиерската функција до одржувањето на изборите во јануари. Претходно полицијата соопшти дека опозиционата лидерка Беназир Буто е ослободена од куќен притвор. Американскиот заменик државен секретар Џон Негропонте денеска во Исламабад се очекува да побара од претседателот Мушараф укинување на вонредната состоја во Пакистан.
XS
SM
MD
LG