Достапни линкови

logo-print

Хамбург: Поради штрајкот ситуацијата со железничкиот товарен сообраќај станува драматична


Третиот ден од штрајкот на машиновозачите во Германија, ситуацијата со железничкиот товарен сообраќај станува драматична. Во пристаништето во Хамбург веќе се натрупале илјадници контејнери кои чекаат на превоз. Проблеми има и во патничкиот превоз. Милиони граѓани и денеска не стигнаа на своите работни места. Синдикатот на машиновозачите бара зголемување на платите за 31 насто и скратување на работното време.
XS
SM
MD
LG