Достапни линкови

Турците и Ромите сметаат дека се дискриминирани или запоставени од државата


Македонија во повеќе случаи е посочувана како позитивен пример за стабилна и демократски мултиетничка земја, но помалите етнички заедници велат дека треба уште многу да се работи околу имплементирањето на Рамковниот договор кој беше потпишан во 2001та година во Охрид за да им се подобри нивниот статус во земјава.Според Артан Груби од албанската невладината организација Разбуди се поголемиот дел од барањата на албанската етничка зедница веке се исполнети, но останува уште усвојувањето на законот за јазиците кој преставува приоритет за Албанците

„Законодавниот дел помалку или повеќе е решен. Остануваат законот за употреба на јазиците, коешто се гледа кај Албанците како нешто потребно и со тоа би ги заокружиле сите законодавни аспекти на еднаквоста. Но, сепак останува премногу работа за имплементирање и промена на менталитетот на сите заедници, за една лојалност на заедниците, посебно на албанската, кон системот. Затоа што и системот треба да пружи нешто кон таа заедница и обратно.“

Од ромската невладина организација Месечина велат дека иако од пред две години е започнато со имплементирање на ромската декада, оваа етничка група која живее во мултиетнички средини сеуште е дискриминирана.

„Деца Роми кои се запишуваат во основното образование, многу мал процент го завршуваат, карикирам, почнуваат сто насто, а го завршуваат 40 насто. Да не говорам колку од тие 40 насто продолжуваат образование во средно училиште. Ова говори не само за волјата на Ромите, туку дека се дискриминирани,“

објаснува Мухамед Точи координатор на секторот за човекови права и меѓуетнички односи.

Претседателот на здружението на турските стопанственици Сулејман Баќи пак вели дека турската етничка зедница во последните неколку години се помалку е присутна во државните органи.

„Турците се прилагодува и нема никакви проблеми да живее во мултиетнички заедници. Но, во последно време во Македонија како да се размилува дека е би национална и во преден план се македонските и албанските интереси. Турската заедница е малку запоставена во државните органи.“

Како решение за да се надминат овие проблеми тие предлагаат поголема соработка на невладините организации со Владата,бидејки како што велат тие еднаквоста се постигнува само доколку етничките заедници добро се запознаат меѓусебе.
XS
SM
MD
LG