Достапни линкови

Ќе успее ли Брамерц да ги стави зад решетки Караџиќ и Младиќ?


Серж Брамерц, кој го водеше случајот на ОН во убиството на либанскиот премиер Рафик Харири е именуван за наследник на Карла дел понте за главен обвинител на Хашкиот Трибунал. Ќе успее ли Брамерц во тоа што не успеа Понте – да ги стави зад решетки Радован Караџиќ и Ратко Младиќ – лидери на босанските срби обвинети за воен криминал и геноцид во босанската војна во 90 тите години на минатиот век.

Во Јануари 2007 која Карла Дел Понте ја започна последната година од мандатот како главен обвинител на Хашкиот Трибунал за воени злосторстав изјави дека се надеав оти Радован Караџиќ и Ратко Младиќ ке бидат донесени пред Хашкиот Суд.

„Секако, јас сум фрустриран обвинител, бидејки 8 години јас истражувам и прашувам зошто Караџиќ и Младиќ не се во Хаг. Затоа се надевам дека во следниве недели, месеци ќе има целосен успех и за Судот и за Обвинителот, односно дека и двајцата ќе бидат тука.“

Но, не е така и сега Серж Бремерц ја доби нејзината задача. Тој е белгијанец, познат по своите брилијатни способности во законодавството, автор на многу текстови за меѓународниот тероризам, оргнизираниот криминал и корупцијата. Неговата докторска тезе всушност беше фокусирана на меѓународната полициска соработка. Голем дел од неговата кариера ја мина справувајки се со таква проблематика. Брамерц во Комитетот за правда и внатрешни работи на Европската Комисија ја предводеше студијата за случаите на меѓугранична корупција и трговија со луѓе во Централна Европа и на Балканот. На 40 години тој стана главен белгиски обвинител, а во 2006 го наследи Детлев Мехлис како главен во случајот на Обединетите Нации за убиството на либанскиот премиер. Тој, за разлика од бомбастичниот Мехлис, многу брзо низ истражувачки приод дојде до сознанија, ги преточи во 5 извештаји, но случајот, поради меѓународната политика падна од сцената, а Сирија не го прифати трибуналот. Серж Бремерц го напушти Меѓународниот Криминален Суд во Јуни и сега доага на местото на Карла дел Понте.
XS
SM
MD
LG