Достапни линкови

Апел за конкретни резултати во следните неколку месеци


Помошникот на генералниот секретар на Алијансата за политички и безбедносни прашаеа Мартин ердман денеска во Скопје апелираше до сите надлежни во земјава да покажат одлучни напори и конкретни резултати во наредните неколку месеци, бидејќи како што рече сеуште нема одлука за тоа кој ке добие покана за НАТО во Букрешт. Тој информираше кои се клучните прашања што посебно ке се следат од Алијансата во наредниот период

„Дали целокупниот реформски процес во оваа земја е неповратен и одржлив, дали атмосферата меѓу етничките групи е здрава, дали постои меѓупартиски дијалог и соработка.“

Премиерот Никола Груевски рече дека за многу од работите потребна е поддршка од опозицијата и рече дека и во иднина ке продолжат средби како и досега при што аплеираше да не се злоупотребуваат од опозицијата. Тој овој пат се обврза дека освен забрзување на реформите во судството, ќе се работи и на спроведување на договореното на 29 мај со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

„Сите договорени работи од мајската усна спогодба, а тоа се законот за комитетот, 45-те закони со бадинтер и рекомпонирањето на кабинетот со излегување на еден наш претставник и влегување на еден претставник од опозицијата, и се разбира за останатите две, за коишто не постигнавме согласност, а тоа се законот за јазиците и наоѓање начин за поддршка на т.н. жртви од конфликтот.“

Ердман пак потсети дека мора да се заокружат сите реформи, а не само оние во одбраната

„Сакам да подвлечам дека поканата за членство во НАТО не е покана до министерот за одбрана. Тоа не претставува само прашање поврзано со безбедноста.“

На парашњето дали НАТО ги рангира трите земји од Јдаранската група Ердман рече:

„Не постои никаква тајна одлука во фиоката, никакво рангирање, ова претставува континуиран процес и се следи развојот на реформите во овие земји.“

Спорот за името беше оквалификуван како билатерално прашање, но и дека треба да се работи на изнаогање на решение.
XS
SM
MD
LG