Достапни линкови

logo-print

Опозицијата го обвинува Груевски, експертите сметаат дека е резултат на општата состојба


Парламентрната расправа за интерпелацијата на заменик министреот за внатрешни работи Елмази помина во тензична атмосфера, со лични навреди и многу прекини чија цел беше да ја смират сотојбата. Претходно прв пат во исоријата на земјава пратениците дојдоа до физички пресметки. Според Оливер Спасовски од опозициониот социјал демократски сојуз тензична атмосфера во собранискиот дом му одговара на премерот Груевски:

„Сите овие состојби кои се случуваат во Собранието се желба на Груевски за да покаже дека само тој е оној којшто во Република Македонија нешто работи, сите други да ги омаловажи несвесен дека со тоа го омаловажува најважниот сегмент во една демократска држава, тоа е Собранието.“

Силвана Бонева од ВМРО ДПМНЕ пак вели дека неможе да посочи кој ја создава и на кого му одговара тензична атмосфера:

„Нормално е кога се зборува за интрепелација да има тензии меѓу политичките партии посебно затоа што имаме силна конфронтација меѓу двете албански партии, но верувам дека тоа ќе биде зад нас.“

Тензиите од парламентот според Бонева и Спасовски не можат да созадат и мегуетничка и политичка криза

„Ценам дека во парламентот сепак имаме разумни луѓе коишто пред се интерес им е Република Македонија.“
„На граѓаните на Република Македонија им е сосема јасно дека Република Македонија ќе мора да ја градиме како мулти етничка. “


велат Бонева и Спасовски

За разлика од нив аналитичарот Хисен Рамадани вели дека доколку политичарите продолжат да се однесуваат нервозно на подолг рок тоа ќе се рефлектира и врз граѓаните

„Политиката е стално во состојба да создава лоша атмисфера, кога таа е лоша кај самите политички чинители. Тоа ќе се пренесе кај граѓаните.“

Причините за нервозните реакции на политичарите Рамадани ги лоцира во неповолните состојби во кои се наоѓа државава.

„Мое мислење се дека тензиите се поради една општа нервозна состојба во земјата поради економските и политичките состојби, па и меѓународните односи.“

Меѓународните фактори вклучувајки ги и високите преставници на НАТО неколку пати порачуваа дека е неопходно да се расчистат физичките пресметки во парламентот. Извешатајот на анкетната комисија сеуште не е дојден на дневен ред на собраниска седница.
XS
SM
MD
LG