Достапни линкови

Подгорица: Црногорскиот парламент го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ


Црногорскиот парламент синоќа го ратификува Договорот за стабилизација и асоцијација што Црна Гора го потпиша со Европската унија на петнаесетти октомври во Луксембур. За Договорот да влезе во сила неопходно е тој да биде ратификуван и од парламентите и на сите членки на Унијата, а овој процес најчесто трае од две до четири години. По Хрватска, Македонија и Албанија, Црна Гора е четвртата држава од Западен Балкан која воспостави вакви договорни односи со Европската унија.
XS
SM
MD
LG