Достапни линкови

logo-print

Опозицијата и дел од владеачките партии сметаат дека мора да се реализира договорот од 29 мај


Најголемата опозициска партија СДСМ и некои од партиите што се дел од владеачката коалиција сметаат дека по укажувањата од меѓународните претставници мора да се реализира договореното на 29 мај помеѓу премиерот Никола Груевски и лидерот на ДУИ и Али Ахмети. Притоа посебно се посочува прецизирање на употребата на јазиците и правата на припадниците на поранешна ОНА

„Ние сме подготвени да помогнеме во целиот проект, ако некој излезе и каже, да, јас за жал заради лошата политика направив договор со Ахмети и сега морам да го исполнам,“

изјави Јани Макрадули од СДСМ.

И Иван Анасатовски од новата социјалдемократска партија смета дека во претстојниот период до самитот на алијансата во Букурешт мора интензивно да работи на исполнување на стандардите, а меѓу другото и на мајскиот договор.

„Ние тука како политичка партија му дадовме бланко поддршка на премиерот, и цврсто се определивме да застанеме зад сето тоа иако не бевме дел од тие преговори, значи говорам во интерес на Република Македонија да, премиерот тогаш ја има цврстата наша поддршка како партнери во оваа влада и мислам дека треба да се реализира до крај тоа, ако тоа остане дополнителен услов за нашето ЕУ и НАТО чекорење,“

вели Анастасовски.

Владините претставници укажуваат дека ке се интензивира реализацијата на превземените обврски, но притоа не прецизираат кое прашање ке биде приоритет и дали воопшто мегу нив се и обврските од мајскиот договор за кој премиерот неколкупати повторува дека не постои

„Сите напори за приближување на Република Македонија кон НАТО ќе бидат удвоени и утрпоени и ние како влада нашата работа ќе си ја завршиме,“

рече портпаролот на Владата Ивица Боцевски

Од ДУИ чиј лидер Али Ахмети го постигна овој договор со Груевски велат дека досега не е направено ништо

„Само ветувања за идно време, но во сегашно време ние сме сведоци на непроменливост односно стагнација и блокада на политичкиот систем,“

изјави Ермира Мехмети од оваа партија.

Лидерот на ДПА Мендух Тачи деновиве за медиумите во Албанија рече дека по самитот на НАТО владата ке мора да ги спроведе обврските кон поранешните припадници на ОНА и да ја прецизира употребата на јазииците со посебен акт, во спротивно тој најави дека е можна криза во владата.
XS
SM
MD
LG