Достапни линкови

logo-print

Париз: Штрајк на работниците во француската железница поради реформата во пензискиот систем


Работниците на француската железница синоќа стапиле во штрајк поради најавената реформа на пензискиот систем, предупредувајќи дека прекинот на работата ќе трае се до исполнувањето на нивните барања. На железничарите, кои, како што се очекува, ќе штрајкуваат барем до викендот, денеска ќе им се придружат и работниците на јавниот превоз во Париз и синдикатите на енергетските компании. Тоа би можело да го претвори прекинот на работата во најголем штрајк во Франција во последните десет години. Претседателот Саркози по неуспехот да дојде до спогодба со синдикалците, сепак ветил дека ќе остане цврсто на своите намери за спроведување на реформите.
XS
SM
MD
LG