Достапни линкови

logo-print

Брисел: Посета на началникот на генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски


Висока делегација на АРМ, предводена од генерал Мирослав Стојановски престојува во Брисел, каде што учествува на есенскиот состанок на Евроатланскиот партнерски воен комитет. Главни теми на собирот во Командата на НАТО се согледување на значењето за изнаоѓање нови форми на меѓународна воена соработка како неопходен фактор за успешна интеграција на армиите од помалите земји, како и презентирање на концептот на заеднички одбранбени структури за поддршка и степен на интеграција.
XS
SM
MD
LG