Достапни линкови

Скопје: Синоќа заврши расправата за Бродец


По низа реплики и контрареплики по излагањето на заменик-министерот за внатрешни работи Рефет Елмази за информацијата за акцијата „Планинска бура“, македонските пратеници синоќа во рамките на 79-та седница ja завршија расправата по Информацијата за случувањата во тетовско село Бродец на 7 ноември, на барање на пратеничката група на ДПА. Како што најави претседателот Љубиша Георгиевски, Собранието ќе ја продолжи работата денеска во 11 часот, а за агендата пратениците ќе бидат дополнително информирани. Во расправата, заменик министерот Елмази рече дека припадници на ДУИ контактирале со криминално-екстремистичката група која беше разбиена во полициската акција во Бродец. Претходно пратеникот Рафиз Алити од ДУИ обвини дека акцијата била неуспешна и оти е извршено насилство врз невини граѓани.
XS
SM
MD
LG