Достапни линкови

logo-print

Тбилиси: Саакашвили ја обвини Русија дека сака да ја подели Грузија


Грузискиот претседател Михаел Саакашвили ја обвини Русија дека се обидува да ја подели Грузија по примерот на Кипар. Саакашвили на средбата со американски дипломат во Тбилиси, кој побарал од него да биде укината вонредната состојба, изјавил дека уште во минатата година рускиот претседател Путин му се заканил дека ќе организира нов Кипар во Абхазија. Засега нема коментар од Москва.
XS
SM
MD
LG