Достапни линкови

Орден „8 Септември“ за придонес во зацврстување на односите меѓу САД и Македонија


Помошник државниот секретар на Соединетите Држави за Источна Азија и Пацификот Кристофер Хил денеска во Македонија. Освен средбите со претседателот на државава Бранко Црвенковски и премиерот Никола Груевски вечерва ќе му биде доделен орден „8 септември“ за како што соопштува кабинетот на шефот на државата неговиот исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработката мегу земјава и Америка, во периодот кога ја вршеше должноста прв амбасадор на Соединетите држави во земјава во периодот 1996 до 1999 година. Тој беше именуван од претседателот Бил Клинтон по воспоставување на диполматските односи со Америка на 11 септември 1995. Тој својата кариера ја започнува во 1977 во Стејт Департментот, а освен амбасадорската функција во Македонија во кој период беше и специјален пратеник за Косово, тој беше и американски амбасадор во Полска, работеше со Ричард Холбрук за време на преговорите за Босна и Херцеговина за постигнување на Дејтонскиот договор. Сега ја води американската делегација во шестпартитните преговори за нуклеарната програма на Северна Кореја.
Во едно интервју во „Вол Стрит Журнал“, Хил вели дека за време на неговата мисија на Балканот разговарал со многу луге кои како што укажува веруваа во концептот за градење на држава како во 19 век. Етничките мапи и политичките решенија, кои овие луге ги користат не може да го оправдаат насилството и не може да се поврзат со гледањето на човековите права во ова време, вели Хил во интервјуто. За македонското прашање велеше дека е едно од најкомплексните и деликатни теми во регионов и дека за да се се реши кризата потребно е албанската и македонската страна да ги градат односите на мегусебна доверба. Според него ова не може да се замисли без вистински ангажман на двете страни.
XS
SM
MD
LG