Достапни линкови

logo-print

Скопје: Претседателот Црвeнковски ќе му врачи орден на помошникот државен секретар на САД Хил


Претседателот Бранко Црвенковски денеска во Скопје ке му врачи орден 8 септември на помошникот државен секретар на Соединетите држави за Источна Азија и пацифик, Кристофер Хил. Шефот на државата го одликува амбасадорот Хил за неговиот, како што се вели во соопштението од кабинетот, исклучителен придонес во развивањето и зацврстувањето на пријателските односи и соработка мегу Македонија и Америка, а вршејки ја должноста прв амбасадор на Соединетите држави во периодот од 1996 до 1999 година. Хил за време на денешниот престој во Македонија освен со претседателот ке се сретне и со други претставници од политичкиот живот во земјава.
XS
SM
MD
LG