Достапни линкови

Последниот шок последица на предлогот на кинески претставник за користење друга валута


Вредноста на доларот во однос на еврото продложува да паѓа. Аналитичарите сметаат дека овојпат тоа есе должи на неодамнешната изјава на официјален претставник на Кина кој предложи надворешно-трговската размена на земјата да се врши во друга валута, а не во долари.

Предлогот на официјален претставник на Кинеските власти дека Кина треба да ги балансира резервите од надворешно-трговската размена со падот на доларот, така што ќе тоа ќе го прави во друга валута, а не во долари, предизвика повторно паѓање на вредноста на американскиот долар. Во исто време и потпретседателот на Кинеската централна банка, Ху Џиан изјави дека доларот го губи статусот на светска валута. Без разлика на тоа што подоцна беше кажано дека тоа не значи оти во иднина Кина ќе купува повеќе евра, ваквите изјави предизвикаа реакции.

„Во иднина мора да има прашања за статусот на доларот како валута на светските резерви. Јасно е дека фактор за тоа е несигурноста на вредноста на доларот, тој е екстремно слаб во моментот, па затоа централната банка која чува многу долари почнува да размислува, во насока на промена на валутата на девизните резерви.“

објаснува Роберт Вард од секторот за економска интелигенција на Лондон
Централната банка во Азија и на средниот исток се меѓу тие кои ги променија нивните резерви од долари, во друга валута. Во моментот надворешно-трговските резерви во светот во долари изнесуваат 65 проценти, што е најниско ниво во последната декада.

Сепак, доларот останува доминантна валута и бидејќи светските девизни резерви се зголемуваат, се очекува сумата на сите валути што се чуваат во резерви да расте.
Се разбира дека смената во други валути, не значи дека банките ги продаваат нивните имоти во долари. Вард предупредува дека секој чекор што ќе го направи Кина може да биде ризичен и да предизвика пад на вредноста на нејзините инвестиции.

„Соединетите Држави се толку важен извозен пазар, што иако повремено ќе слушнете такви изјави од кинески претставници, каква било промена во политиката на надворешно-трговската размена ќе биде постепена. Навистина не е во интерес на Кина политички да ги вознемирува Соединетите Држави или да презема мерки што би го направиле доларот уште послаб, отколку што е во моментот.“

Вард додава дека засега доларот ќе продолжи да биде доминантна меѓународна валута, иако како што вели, времето на еврото, допрва доаѓа!
XS
SM
MD
LG