Достапни линкови

logo-print

Доколку неможат да се договорат, да дадат отчет пред граѓаните порачуваат експертите


Наместо мобилизирање и соработка, по критиките во извештајот на Европската Комисија, а и укажувњата на американскиот амбасадор во НАТО Викторија Њуланд која побара забрзување на реформите неколку месеци пред самитот на Алијансата на кој државава очекува покана за членство во НАТО, државниот врв продолжува со демонстрацијата на неединство. Имено, претседателот и владата се обвинуваат со различни изјави во јавноста околу постигнатиот прогрес на земјава за членството во НАТО. Претседателот и премиерот да излезат во јавноста и да дадат отчет пред граѓаните околу нивната неможност да остварат дијалог, а не речиси цела година клучните државни интереси да бидат во нивно заложништво, изјавува професорот од Правниот факултет Саво Климовски:

„Ако мислат да се движат по ,,тенка жица“ и постојано да си префрлаат, по овие интереси каде времето ни истекува неверојатно брзо, тогаш во таква ситуација можеби треба да се оди на нови избори. Мислам на нови избори и за претседател и за влада и за парламент, или пак да се оди на референдум па граѓаните нека си го кажат своето мислење.“

Во оваа насока професор Климовски однесувањето на државниот врв го објаснува со политичка незрелост:

„Да се жртвува егиоизмот на позицијата на која се наоѓаат и да се подредува на тесно партиските интереси, мислам дека веќе е прашање на политичка незрелост.“

Нарушените односи власт-претседател-опозиција мора да се решат со дијалог, а не со обвинувња изнесени преку медиуми. забележуваат експертите. За националните интереси треба да се прифакаат конструктивните предлози и од опозицијата, велат експертите потенцирајќи го последниот предлог на опозицијата за формирање на Национален совет за евроинтеграциите на Македонија, што власта не го прифати. За начинот на комуникација помеѓу државниот врв, професорот од Факултетот на Југоисточна Европа Назми Малиќи потенцира:

„Веќе ние понекогаш делуваме како да се работи за две држави во однос на интеграциите за НАТО и ЕУ. Како да не се следи иста насока во делот на приближување на Македонија кон НАТО.“

Вели Малиќи. Во интерес на сите државниот врв мора да покаже единство и соработка им порачуваат пак на политичарите граѓаните:

„Би требало да е добра соработката, да не е како досега.“

„Мислам дека е формално, дека може и треба и подобро во интерес на сите.“

„Катастрофално е. За тоа всушност нашиот народ вели вака: ние немаме држава.“


забележуваат граѓаните.
XS
SM
MD
LG