Достапни линкови

Берлин: Средба на лидерите на Германија и Франција за иранската нуклеарна програма


Лидерите на Германија и Франција денеска во Берлин ќе разменат мислења за иранската нуклеарна програма по минатонеделните одвоени разговори за воведување нов пакет засилени санкции кон таа земја со американскиот претседател Џорџ Буш. Британија, Франција, Германија, Соединетите Држави, Русија и Кина треба да се состанат на 19. ноември за да го разгледаат извештајот за Иран кој ќе го поднесат евро комесарот за надворешна политика Хавиер Солана и шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Мохамед Ел Барадеј.
XS
SM
MD
LG