Достапни линкови

logo-print

Опозицијата негодува дека со тоа ќе се промени вистината за случувањата


Извештајот на Анкетната комисија за случувањата во парламентот за кој на пленарната седница амандмани најавија ВМРО-ДПМНЕ и ДПА постои можност да не открие ништо, односно со него да не бидат посочени и повикани на одговорност виновниците за инцидентите, велат од опозиционите партии. Роза Топузовска Каревска од Либерално Демократската партија очекува на пленарната седница мнозинството во парламентот да ги надгласа други пратенци и со тоа да ги усвои амандманските измени:

„Во тој случај извештајот ќе ја промени суштината, која што во овој момент ја има. Парламентарната опозиција нема да го поддржи извештајот и апсолутно ништо не сме постигнале. Неусвоен извештај значи неподнесување на политичка одговорност, ниту и од пратениците, ниту од останатите учесници во настаните.“

Азис Положани од ДУИ пак вели дека одамна била јасна тенденцијата на владеачко мнозинтво, извештајот да не даде конкретни резулати:

„Да нема ниту одговорност, ниту рефлексија на реалните состојби што се случуваа таму, со намера да истите преку одредени политички и други мерки да не се повторуваат.“

Засега единствената партија од владината коалиција која се изјасни дека ќе гласа за ивештајот без амандманските измени е НСДП. Иван Анастасовски ја потврдува можноста извешатојот да не ја даде очекуваната цел за која беше формирана Анкетната комисија:

„Работите не одат во позитивен правец во однос на извештајот и неблагодарно би било на крајот да се прејудицира како било, но не ја исклучувам можноста да не дојде до конечен таков епилог каков што посакува меѓународниот фактор.“

Вели Анасатасовски и додава дека сеуште немаат изградено став како би гласале за ивештајот доколку се прифатат амандманските измени кои ги најавија ВМРО-ДПММЕ и ДПА, незадоволни од крајниот извештај на комисјата. Од двете владеачки партии не добивме коментар за можноста да не се открие ништо и за сигналите кои се праќаат до меѓународната заедница. Аналитичарот Дане Талески пак смета дека доколку никој не преземе одговорност, пораката ќе биде многу лоша:

„Пораката ќе биде онаа порака која што политиката во Македонија, повеќе или помалку ја испраќа и до јавноста дома и надвор, дека политичарите кај нас се неодговорни и дека се подготвени да ги погазат сите принципи и сите правила на парламентарното поведение, па дури и на законите, само за да ги заштитат нивните лични интереси.“
XS
SM
MD
LG