Достапни линкови

logo-print

Аналитичарите сметаат дека црквата се меша во политиката со наклонетост кон десницата


Загребскиот надбискуп, кардинал Јосип Божанич на верниците им порача на претстојните избори во Хрватска да не гласаат за оние кои ја критикуваат војната во Хрватска од 90-те години, а некои воени претставници, ја прозваа Социјал-демократската партија дека повторно повикува на "свет без Бога". Според аналитичарите ова е мешање на црквата во политиката и наклонетост кон десноориентираната политичка опција.

На светата миса за хрватските бранители, загребскиот надбискуп Јосип Божанич ги повика христијанските верници на претстојните избори во Хрватска да ја поддржат таа политичка опција што ги поддржува вредностите на војната од 90-те.

„Христијаните во Хрватска не би смееле да ги поддржат оние политички партии кои не ги почитуваат тие вредности, бидејќи без разлика на тоа каков впечаток оставаат, тие не работат за доброто на човекот и хрватската татковина.“

Телогот и познатиот сплитски свештеник, дон Иван Грубишич вели

„Тоа се манипулации со вредностите, бидејќи војната во земјта е одредена вредност, но да се зборува за тоа од страна на црквата и кардиналот, мислам дека е непримерно, пред се врз основа на жртвите од војната да се избира тој на кому ќе му се даде поддршката.“

Политичкиот аналитичар Маринко Чулич вели дека може да се зборува за условена поддршка на Хрватската демократска заедница.

„Јас мислам дека овие неколку изјави зборуваат за умерена и условена поддршка на ХДЗ од страна на црквата. Тука е најсоодветна пораката на хрватскиот надбискуп во која им порачува на верниците да не гласаат за партиите кои се против католичката веронаука, против неработните недели, против вредностите на домашната војна. На прв поглед сето тоа е против СДП, но во еден дел тука може да се препознае и ХДЗ.“

Но, портпаролот на Хрватската надбискупска конференција, Звонимир Анчич ги отфрла критиките за партиска определеност на црквата.

„Мислам дека некои погрешно ја сфаќаат демократијата. Црквата е секако дел од ова општество и ние како верници сме дел од него.И како шето може да се види од пораката на надбискупот, бискупите не застануваат на страната на ниту една партија, но предупредуваат на одредени морални правила според кои треба да се водиме при избор на одредена политичка опција.“

Некои од аналитичарите пак и забележуваат на црквата што во прв план не ги истакнува животните прашања, туку вредностите околу кои помалку или повеќе се согласуваат сите партии во Хрватска. Црквата ќе остане верна на своето научно делување. Тоа значи дека на верниците јавно ќе им зборуваат да дадат предност на програмите кои се во согласност со Католичката црква, а во реалноста сепак ќе биде на страна на десно ориентираните партии, истакнува дон Грубишич.
XS
SM
MD
LG