Достапни линкови

logo-print

Прага: Околу 250 нео нацисти уапсени, а шестмина повредени во судирите со анархистите


Околу 250 нео-нацисти се уапсени, а шестмина се повредени во вчерашните судири меѓу нео-нацистите и анархистите во Прага. До судирите дојде по најавениот марш на самопрогласените антифашисти кои вчера ја славеа годишнината од Кристалната ноќ, во која пред 69 години нацистите во Германија убија стотина Евреи, ги запалија синагогите и ги уништија еврејските продавници. Против анархистите кои со камења ги нападнаа безбедносните сили, полицијата употреби петарди и солзавец, а притоа уапси четириесеттина од нив.
XS
SM
MD
LG