Достапни линкови

Експертите и политичките партии согласни – потребен е дијалог


По забелешките од меѓународната заедница, како во извештајот на Европската комисија, така и од американската амбасадорка во НАТО Викторија Њуланд, дека треба да се подобри ситуацијата во политичкиот дел генерално, да се интензивира спроведувањето на судските реформи, деполитизација на јавната администрација, стабилни меѓуетнички односи, претставниците на политичките партии и аналитичарите согласни дека за да се дојде до резултати потребно е постоење на дијалог како власт опозиција, така и меѓу претседателот и владата

„Јас не мислам дека е доволно или дека главниот проблем е во идентификација на точките коишто треба да се третираат, туку повеќе во пристапот. Тоа е начинот на комуникација, начинот на договор меѓу власта и опозицијата. А, и самите партии во власта и опозицијата,“

изјави аналитичарот Ибрахим Мехмети. И Иван Анастасовски од новата социјалдемократска партија кој е дел од владеачката колиција смета дека дијалогот треба да биде приоритет:

„Во интерес на Република Македонија е да се подобри политичкиот дијалог, посебно во парламентот. И она што е битно за Република Македонија за да не цанат како цивилизирано општество е кохабитацијата меѓу шефот на државата и премиерот.“

Јани Макрадули од опозициската СДСМ со конкретни предлози од каде да се почне по криките на адреса на Македонија:

„Прво, може судскиот совет да го избреме последниот член што фали, иако тоа не зависи само од гласовите на опозицијата. Можеме да размислуваме за нов закон за државните службеници, нешто што ќе ги елиминира ваквите партиски упади при што некој ќе мора да сноси одговорност зошто ги направил тие смени иако биле надвор од законот и со партиски кадри.“

Професорот од Американскиот колеџ Звонимир Јанукуловски вели дека во делот на реформа на судството и јавната администрација треба повеке време и додава

„Една генерација, веќе полека заминува, така што очекуваме дека новите генерации ќе бидат ослободени од баластот на минатото, меѓутоа и она што е многу важно за извештајот на ЕК, всушност е укажувањето до политичките елити, структури во државата, едноставно да ја реформираат јавната администрација на начин со кој ќе ја ослободат од баластот на политичко влијание што се прави со секоја промена на власта.“
XS
SM
MD
LG