Достапни линкови

logo-print

Реториката пред секое проширување на Алијанста се заострува, велат во МНР


Македонија ќе продолжи интензивно да работи на спроведување на реформите и превземените обврски велат претставниците на државниот врв по вчерашната посета на американската амбасадорка во НАТО Викторија Нуланд, која им укажала дека македонската кандидатура за Алијансата губи на квалитет, а реформите стагнираат, односно дека земјава е зад Хрватска и Албанија. Македонија е и зад Албанија каде исто така има проблеми со политичкиот дијалог, но американската администрација смета дека опасноста во земјата е поголема бидејќи може да дојде и до поделба по етнички линии, проблеми што ги нема во останатите земји од Јадранската група. Затоа таа инсистирала на спроведување на Мајскиот договор, права на припадниците на ОНА и прецизирање на употребата на јазиците и го вреднувала еднакво како и Охридскиот договор. Она што Нуланд го побарала од Македонија освен реформите во судството, е и политичка стабилност, континуиран дијалог и стабилни меѓуетнички односи, информираат некои претставници на државниот врв. Шпреса Јусуфи од МНР пак, вели дека неможе да се говори за рангирање. Разговаравме за она што преостанува:

„Подоготовките за членство во НАТО не се поврзани со никакво рангирање, туку се поврзани за исполнување на потребни критериуми и стандарди. Она што се разговораше на средбите беше до каде е Македонија на тој пат и што се преостанати обврски.“

За време на турнејата во земјите од Јадранската група, Нуланд рече дека ниту една од земјите не е подготвена за членство. Од македонското МНР тоа не го толкуваат како негативен сигнал или најава дека е можно да не се упатат покани за Алијансата до трите земји:

„Секој пат пред покана на одредени земји членки на НАТО, односно пред Самити заа проширување, кон сите аспиранти ретороката е позајакната. Тоа од една страна треба и да не радува затоа што Алијансата и при поканата сака да има во својот клуб земји што е можно по подготвени.“

рече Јусуфи. Претставници од државниот врв велат дека укажувањата на Нуланд дека Македонија стагнира не треба да се поврзуваат со спорот со уставното име, туку само со ненавременото спроведување на обврските од Мајскиот договор.
XS
SM
MD
LG