Достапни линкови

Џезаир Шаќири-Хоџа вели дека Танушевци е следно и дека ОНА повторно се мобилизира


Полицијта и денеска два дена по акцијата во Бродец е присутна на теренот и му помага на локалното населените со кое како што велат од Министертвото за внатрешни работи имаат одлична соработка. Пред изведувањето на „Планинската бура“ некои експерти повикуваа на брза реакција од полицијата, а и потоа стигнаа коментарите дека работите би биле полесни доколку надлежните ја завршеа работата експресно кога бројот на вооружени лица беше помал. На ваквите забелешки портпаролот Иво Котевски одговара:

„Професионално се направени сите подготовки, професионално е изведена целата акција, професионално се селектирани луѓето и професионално и крајно стручно е одлучено за моментот кога е најбезбедно, со најмалку ризик за да се дејствува.“

За тоа пак дали министерството смета дека сега по оваа акција е поволен период за слично дејствување и во други региони кои во јавноста беа посочувани како места каде што може да има вооружени лица Котевски вели:

„Секогаш кога и да има сознанија согласно безбедносните проценки и ризикот, МВР ќе делува исто како што делуваше во акцијата „Планинска бура“.

Липковскиот крај е еден од регионите кој стана актуелен откако хрватската телевизја објасви снимки на вооружени униформирани лица кои тврдат дека се на македонска територија.Поранешниот член на ОНА и поранешен пратеник во собрание Хисни Шакири кој живее во липковско Отља тврди дека таму е мирно и дека нема вооружени лица:

„Секој ден сум во контакт со мештаните од тој крај, никој не видел ништо и затоа јас реков дека тоа се некои информации кои датираат од снимки направени порано, а засега моментално нема ништо.“

За разлика од него Џезаир Шакири односно командант Хоџа од Танушевци во чија близина неодмана загина еден полицаец вели дека граганите на селото по акцијата во Бордец се многу вознемирени. Тој тврди дека поранешните борци на ОНА секојдневно се мобилизираат за одбрана на селото:

„Во Танушевци знаеме и секојдневно чекаме дека ќе бидеме нападнати и селаните, сите селани овде, а и јас сум од овде, знаеме секој ден дека сега е Танушевци на ред. Можам слободно да ви кажам дека борците на ОНА се подготвуваат и немаат доверба, имаат причина да немаат доверба, бидејќи во 2001-та година го предадовме оружјето.“

вели Хоџа.
XS
SM
MD
LG