Достапни линкови

Експертите посочуваат дека сепак законот е прекршен


Општината Центар преку соопштение објавено во медиумите ги отфрли тврдењата дека измените во Деталниот урбанистички план за „Малиот ринг“ доделуваат привилегирани парцели на луѓе од власта наведувајќи и дека при донесувањето на на наведените измени биле доследно применувани начелата од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Урбанистот професор Грчев кој во јавноста веќе го критикуваше планот смета дека со него и со јавноста и понатаму се манипулира преку наведување на нормативите а прекршување на законските прописи. Но далеку над заобиколувањето на транспарентноста во неговото донесување и нудењето решенија за како што вели партиските нарачки, Грчев вели дека клучно е прекршувањето на законот кој пропишува потполна согласност на Деталниот урбанистички план со генералниот план за градот Скопје:

„Гералниот урбанистички план за целиот град има посебна заштита на територијата. Таа посебна заштита во планот е експлицитна во тектуалниот дел каде што се кажуваат плански одредби за спроведување на генералниот план, заради значењето на опфатот, програмските процедури, аналитички треба да се водат најтранспарентно, треба да се направи експертиза која ќе утврди потреби за измени.“

Вели професорот Грчев. Овој план додава Грчев го третира центарот на градот како да е периферија а тој содржи токлму најголем број репрезентативни и заштитени со закон објекти. Оттаму додава тој планот на овој дел од градот гледа лаички и ситносопственички. Опозициската СДСМ ги обвини надлежните дека измнените на Деталниот урбанистички план за малиот ринг се донесени тајно и без соодветно одржување на јавна расправа како и дека се прекршени нормативите и законите од областа на урбанизмот но го прекршил и законот за спрелчување на корупцијата кога е зголемена површината на земјиштето кое е во сопственост на наблиски роднини на директорот на МЕПСО и претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев кој исто така гласал за измените.

„Министерството за транспорт и врски дало согласност одредена парцела се ,,покачи,, на вредност од 4 милиони евра надвор од Законот за просторно и урбанистичко планирање и надвор од правалникот за стандарди за урбанистичко планирање и она што е врв на оваа рашомонијада е гласањето на самиот претседавач на Советот.“

Изјави Јани Макрадули од СДСМ. Министерството за транспорт и врски експресно ја отфрли одговорноста за овој настан прогласувајќи се за ненадлежно во оваа сфера. Без оглед на потписот кој сепак го ставил на ова решение и минситерот за транспорт и врски оттаму објаснуваат дека тој е неважен во однос на крајната надлежност за донесување на планот која ја имаат општините и гласањето во општинскиот совет кој во случајот го има последниот збор.
XS
SM
MD
LG