Достапни линкови

Вашингтон: САД ја поздравија одлуката на Саакашвили за предвремени претседателски избори


Соединетите Држави ја поздравија одлуката на Грузискиот Претседател Микаил Саакашвили, претседателските избори да бидат премесетени порано во јануари идната година. Тој вети и брзо укинување на вонредната состојба во земјата воведена по едно неделните анти владини протести кои насилно беа прекинати. Во меѓувреме двајца опозициони лидери се обвинети за заговор за државен удар. Двајцата наводно имале врски со руските служби. Русија тоа го негира. Двете земји протераа по тројца дипломати.
XS
SM
MD
LG