Достапни линкови

logo-print

Букурешт: Пазарот на трудот во Романија се повеќе се стеснува, пишува Фајненшел Тајмс


Поради брзиот економски развој и речиси два милиони Романци кои работат во странство, пазарот на трудот во Романија се повеќе се стеснува, пишува денеска Фајненшел тајмс. Невработеноста во земјата опадна на речиси четири проценти. Според податоците на Европската банка за обнова и развој, во исто време, нивото на плати систематски се зголемувало со околу 20 проценти годишно. Податоците за Бугарија, ја покажуваат истата историја, додава весникот. Невработеноста постојано опаѓа од 19,5 проценти во 2001, до 8,9 насто кон крајот на минатата година. Според податоците на ЕБОР за невработеноста, корените на појавата се кријат во периодот пред присоединувањето на Бугарија и Романија во ЕУ во почетокот на годината.
XS
SM
MD
LG