Достапни линкови

logo-print

Порака за забрзување на реформите и преговори за името со Грција за членство во НАТО


Со порака дека треба да се забрзааат реформите пред претстојниот самит на НАТО во букершт денеска во земјава претсојува американсклата амбасадорка во Алијансата, Викторија Њуланд која ја повтори поддршката што ја има Македонија од Соединетите држави во овој процес

„Нашата порака денеска е дека кога трчате маратон не може да се релаксирате на последните две милји, туку треба во спринт да дојдете до финишот. И како што кажа и премиерот денеска, да се дојде со спринт до финишот значи забрзување и завршување на работите кои беа договорени на 29 мај во Охрид, исто така тоа значи зајакнување на владеењето на правото, судските реформи,“

рече Њуланд која додаде:

На прашањето дали спорот со Грција за уставното може да влијае на македонскиот процес на интеграција во евроатлантските структури Њуланд вели:

„Ако внимателно ја читате спогодбата за НАТО од 1949 година, еден брилијантен и краток документ, тој кажува дека еден од критериумите за членство во НАТО се и добрососедските односи. Ние сакаме да ги видиме Скопје и Атина повторно на маса, да разговараат околу ова прашање во рамките на процесот на Нимиц под покровителство на ОН.“

Американската амбасадорка која констатираше дека Македонија придонесува за глобоалната безбедност со краток коментар за вчерашната акција против криминалните групи во тетовско коај ја спроведе Министерството за внатрешни работи

„Можам да кажам дека ние бевме известени за оваа акција на безбедносните сили. Она што ме импресионираше е што беше изведена од мулти етнички полициски сили, тоа ја истакнува важноста на вакви структури во земјата.“

Во контекст на клучното регионално прашање косовскиот статус премиерот Никола Груевски рече дека Македонија и во иднина ке има конструктивна улога

„Република Македонија останува на својата константна линија во врска со поддршка на меѓународната заедница во делот на прашањето со Косово. Истовремено, внимавајќи за своите сопствени државни и национални интереси.“

Њуланд истакна дека кога станува збор за косовското прашање Македонија има позитивна демократска улога.
XS
SM
MD
LG