Достапни линкови

Хонгконг пример за решавање на идниот статус на Косово


Хонгконг пример за решавање на идниот статус на Косово. Овој предлог на Белград изнесен на директните преговори со Приштина отвори многу прашања, пред се дали Хонгконг и Косово можат да се споредат во историска, но и во етничка смисла. За некои тоа е очајнички потег на Србија да го зачува територијалниот интегритет, за други уште едно купување време.

Српскиот премиер Воислав Коштуница изјави дека на следната рунда преговори на дваесетти овој месец во Брисел, српската делегација ќе подготви целосна споредба на моделот за суштинска автономија на Косово со сегашниот статус на Хонгконг во рамките на Кина.

„Мислам дека решението кое го предложивме во Виена е најдобро за сите и ако меѓународната заедница покаже малку мудрост мислам дека врз основа на предлогот можеме да дојдеме до решение на проблемот.“

Вели министерот без ресор во српската влада Драган Џилас. Моделот за Хонгконг во основните елементи и дава суштинска автономија на тој регион, но во неговиот устав шишува дека тој е неотуѓив дел од Кина која има значајни надлежности во одбраната и надворешната политика. Хонгконг пак може да отвра трговски и економски претставништва во светот и самостојно да учествува на светски конференции. Исто така може самостојно да ја спроведува законодавната, извршната и судската власт на локално ниво. За историчарот Милан Протиќ, предлогот на Белград е очајнички потег да се пронајде некое решение со кое ќе се сочува територијалниот интегритет на Србија. Тој додава дека нема многу сличности меѓу Хонгконг и Косово.

„Првин во Хонгконг и во Кина живее ист народ. Второ Хонгконг сто години беше британски протекторат. Трето Хонгонк е економски поразвиен од Кина.“

Од друга страна Јелена Милиќ од Форумот за меѓународни односи не мисли дека новиот предлог на Белград е бесмислен.

„Не гледам зошто во минатата недела беше во ред да се изнесува примерот за двете Германии, а оваа недела да не се изнесува предлогот за Хонгконг. Друго е тоа што и двата примера се историски неупотребливи со оглед на сментите глобални трендови.“

Вели Милиќ. Аналитичарите во Приштина пак, оценуваат дека на последната средба меѓу двете страни во Виена дошло до извесно приближување на ставовите:

„На состанокот конкретно станало збор за моделот со Хонгконг. Сметам дека има поместување кога се прашање српските барања.“

Смета политичкиот аналитичар Рамуш Тахири кој изразува уверување дека ќе биде постигнат компромис, а тоа е независност и врски со Србија. Со него не се согласува аналитичарот Дритон Љајци.

„Тоа е неприфатливо бидејќи косовскиот преговарачки тим ја презеде обврската да ги брани принципите на планот на Ахтисари. Какви било врски со Србија можат да бидат фатални за Косово. “

Оценува аналитичарот Љајци.
XS
SM
MD
LG