Достапни линкови

Поради активностите на полицијата криминалците од Косово се префрлаат во Македонија


Во пресрет на изборите на Косово, тамошната полиција и силите на КФОР ги засилиле активностите на територијата на Покраината и затоа криминалци од таму се префрлуваат на наша територија, велат извори од државниот врв. Засилената активност на тамошните служби неодамна за нашето радио ја потврди и портпаролот на косовската полиција, Ветон Елшани:

„Полицијата и КФОР се секогаш таму и ние веќе имаме и оперативни планови затоа што во тек е решавањето на идниот статус на Косово, а ни претстојат и избори.„

Вели Елшани. И од наша страна тврди портпаролот на МВР Иво Котевски поради изборите мерките се засилени:

„МВР во континуитет засилено ја следи безбедносната состојба, особено поврзаноста со претстојните избори и решавањето на статусот на Косово.“

Според поранешниот раковидител на военото разузнавање Владимир Пивоваров во ситуации кога полицијата има засилени мерки, нормално е да се очекува криминалците поради стравот од отркивање да се префрлат кај нас:

„Секогаш при преземање на позасилени мерки од страна на полицијата еве земете го како пример, акцијата ,,Сабја“ во Србија, тогаш сите криминални структури бегаа од опкружувањето на србија и одеа кај своите јатаци во опкружувањето. Да кажеме во ваква ситуација доколку секаде, а не само во Косово, се засилат полициските мерки ќе забележите дека веднаш криминалните структури го напуштаат теренот за да не бидат уапсени и тоа е нормална појава.“

Во меѓувреме за последните инициденти кои што се случија како минатонеделното убиство на Џавид Морина, партиите од албанскиот блок во јавноста се повикуваа меѓусебно кој стои зад инцидентите. МВР пак од своја страна остана на тврдењето дека се работи за криминални групи. Според Рафиз Алити од ДУИ причината зошто партиите се доведуваат во врска со криминални пресметки, ја поврзува со нивниот политички опонент ДПА:

„Господата од ДПА без никаков аргумент, ја почнаа таа војна, медиумска војна против ДУИ така што за инцидентите неможе да се обвинува ДУИ туку власта.“

Ружди Матоши пак од ДПА ја обвинува опозицијата:

„Страната на опозицијата има некоја координација преку која сака да инсталира еден факт дека во Македонија нема капацитет да се справува со криминалот и криминалните групи.“
XS
SM
MD
LG