Достапни линкови

logo-print

Вашингтон: Џорџ Буш вети помош за Турција во борбата против курдските бунтовници


Американскиот претседател Џорџ Буш и вети помош на Турција во борбата против Курдската работничка партија. Тој по средбата со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во Белата куќа ПКК ја нарече терористичка организација, непријател на Турција, на Ирак и на Соединетите Држави. Од друга страна турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го поздрави решението на американскиот Конгрес да ја одложи расправата за усвојување на резолуцијата со која би се признал геноцид извршен врз Ерменците за време на Отоманската империја.
XS
SM
MD
LG